Пандев доби тројца нови соиграчи

Џенова е доста активна во првите денови од зимскиот преоден рок, а денес се официјализирани дури три ангажмани. Фенерџијата во Серија А го врати Матија Перин во своите редови на позајмица до крајот на сезоната. Италијанскиот голман беше вишок во редовите на Јувентус.

Перин пред една и пол година ја напушти Џенова за сума од 14 милиони евра, но не успеа да се наметне пред стандардниот Војќех Шченсни.

Договор на шест месеци потпиша и швајцарскиот репрезентативец Валон Берами, кој од октомври минатата година беше слободен играч, а за Џенова играше од 2003 до 2005 година.

На „Луиџи Ферарис“ се врати и напаѓачот Матија Дестро. Италијанецот кој е член на Болоња ќе игра за Џенова до крајот на сезоната како позајмен играч, а потоа ќе има преговори околу повеќегодишен ангажман бидејќи Дестро налето ќе биде слободен играч.

Македонскиот капитен Горан Пандев доби нови соиграчи кои ќе треба со својот придонес да ја спасат Џенова од испаѓање во Серија Б, а по 17 кола стојат на дното на табелата само со 11 бода.

- Оглас -

Најнови вести