36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Пандев донесе свежина, Џенова со пресврт го победи Лацио

Горан Пандев ги размрда редовите на Џенова откако влезе во игра на почетокот на второто полувреме против својот поранешен клуб Лацио и помогна да се направи голем пресврт за победа од 2-1

Лацио имаше предност со голот на Милан Бадељ во 44-тата минута, Пандев влезе во игра во 56-тата минута и заслужено се радува на победа против своите некогашни соиграчи од Лацио.

Санабрија во 76-тата и Кришчито во последните моменти од мечот погодија за голем пресврт и многу важна победа на популарните „грифони“.

Емполи убедливо го победи Сасуоло со 3-0, а Удинезе со многу мака го скроти Киево и славеше со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести