Пандев доцна влезе во игра, ексдвоецот на Јунајтед ја реши Џенова (видео)

Интер со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Џенова во мечот од 36-тото коло, по што Нероаѕурите повторно застанаа на второто место на табелата, или според Антонио Конте, позицијата за лузери.

Горан Пандев против својот поранешен тим одигра само дваесетина минути откако во игра влезе во 70-тата минута при резултат од 1-0 за гостите. Џенова тргна офанзивно со Пандев на терен, а ризикот не се исплатеше бидејќи Интер доби простор да се закани преку контра-напади и токму тоа се случи во завршницата.

Санчес донесе двојна предност во 83-тата минута, откако во првиот дел погоди Лукаку, за во финишот Белгиецот одново да се запише во листата стрелци, па така поранешните фудбалери на Манчестер јунајтед ги освоија бодовите за Интер.

Интер сега има 76 бода, четири помалку од лидерот Јувентус кој допрва треба да ги изврши обврските во 36-тото коло на Серија А, додека Џенова останува на 17-тата позиција со 36 бода, четири повеќе од Лече и опасната зона.

https://twitter.com/CoppaVids/status/1287086640247308290

https://twitter.com/CoppaVids/status/1287103332365066241

https://twitter.com/CoppaVids/status/1287105952928411651

 

- Оглас -

Најнови вести