Пандев е еден од најтрофејните во историјата на италијанскиот куп, пред него се само двајца

Купот на Италија оваа сезона го освои Јувентус, и со тоа голманот Џанлуиџи Буфон изби на делба на првото место на вечната листа на најтрофејни поединци во ова натпреварување, а македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев кој има пет вакви титули, се наоѓа на делба на втората позиција.

Пандев од 2009 до 2012 година, секојпат го освојуваше Купот на Италија и тоа со три различни клубови. Најпрвин со Лацио, па двапати со Интер, и со Наполи. Со наполитанците го освои Купот и во 2014 година. Во последните седум години нема трофеј, па не е рекордер, а Пандев во две сезони беше и прв стррелец во Купот на Италија.

По пет титули во Купот, исто како и Пандев, имаат уште Франческо Толдо, Џузепе Фавали, Стефан Лихштајнер, Џорџо Кјелини, Фаусто Салсано, Дејан Станковиќ, Бруно Конти и Ромео Бенети.

Рекордери со по 6 трофеи во Купот се Џиџи Буфон и актуелниот селектор на Италија, Роберто Манчини. Манчини има четири куп титули и како тренер.

- Оглас -

Најнови вести