Пандев е голем емотивец, со прекрасни зборови се прости од Џенова (Фото)

Горан Пандев ѝ се заблагодари на Џенова со емотивна објава на социјалните мрежи откако вчера во финишот на преодниот рок се пресели во второлигашот Парма.

„Одлуката да си заминам од Џенова беше многу тешка. Сам ја донесов одлуката, но верувам дека ова е само довидување, не и збогум со Џенова. Градот, боите на клубот, навивачите засекогаш ќе останат во моето срце. Се надевам дека ќе се вратам во Џенова“, напиша Пандев на „Инстаграм“.

На некој начин, ова за него е второ простување во рок од малку повеќе од половина година, но сега е само привремено бидејќи ќе продолжи да игра фудбал во Парма.

Минатото лето на мечот меѓу Македонија и Холандија во историскиот настап на Европско првенство за нас, 38-годишниот Пандев ја заврши кариерата во националниот тим.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести