Пандев е во Милано, му посака среќа на неговиот Интер пред дуелот со Арсенал (Фото)

Интер игра против Арсенал во дербито на четвртото коло од Лигата на шампионите, а на стадионот во Милано е и некогашниот играч на Нераѕурите, Горан Пандев. Поранешниот капитен на македонската репрезентација му е специјален гостин на Интер, а беше дел и од Интер ТВ, каде што посака среќа на клубот со кој тој ја има освоено Лигата на шампионите.

Во 2010 година Пандев беше дел од златната генерација на Интер која се искачи на клупскиот трон во Европа.

Оваа сезона, по три одиграни кола италијанскиот првак има две победи и едно реми и уште нема примено ниту еден гол. Интересно е дека и Арсенал е со биланс од две победи и еден нерешен резултат, а и Топчиите немаат примено ниту еден погодок сезонава во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести