Пандев го нема во составот на Парма за следната сезона, дали ова значи дека се повлекува?

Иако јавно и официјално нема објавено дека ја завршува играчката кариера, Горан Пандев, можеби веќе е во фудбалска пензија. Пандев пред неколку месеци истакна дека останува во Парма и во сезоната 2022/2023, но фактите говорат нешто друго.

Наместо на подготовки и натпревари со Парма (вечерва играа куп меч со Салернитана), Пандев денеска беше во родната Струмица и го гледаше мечот на неговиот клуб Академија Пандев против Брегалница.

Што е уште поиндикативно, Парма го објави составот за претстојната сезона со броевите на дресови на играчите, а на листата го нема Пандев.

Најдобриот македонски фудбалер во историјата, лани дефинитивно ја заврши репрезентативната кариера, а сега треба да се изјасни дали се повлекува и од клупската сцена.

- Оглас -

Најнови вести