Пандев гоооооолллллл за историја: Македонија израмни на 1:1 против Австрија

Кој друг ако не Горан Пандев. Македонија со голот на капитенот израмни на 1:1 против Австрија во Букурешт, во првиот меч од Европското првенство.

Се играше 28-мата минута, кога Алиоски уфрли една топка во шеснаесетникот, Трајковски тргна во дуел со голманот на противникот, а чуварот на мрежата на Австрија киксираше и ја испушти топката.

https://twitter.com/i/status/1404117392364609537

Тоа го искористи Пандев, кој рутински ја затресе празната мрежа за 1:1.

Фото: УЕФА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести