Пандев и Ангеловски на гости во АМС: Настапот на ЕП е голем успех, покажавме дека имаме големо срце

Селекторот Игор Ангеловски и капитенот на македонската фудбалска рептрезентација Горан Пандев беа денеска на гости во Агенцијата за Млади и спорт, каде што добија признанија за историскиот настап на ЕП:

Настапот на Европското првенство е голем успех за секоја репрезентација, особена за нашата. И покрај големите остварувања во мојата долгогодишна фудбалска кариера, за мене настапот на европско првенство со мојата репрезентација е моментот што го чекав сите овие години, истакна Пандев.

Тој се прости од настапите за македонската репрезентација на последниот дуел што го игравме во фазата по групи против Холандија во Амстердам.

За некој ден, односно на 31 јули, и Ангеловски ќе заврши со селекторската работа бидејќи му завршува договорот со ФФМ и не е продолжен, па нов селектор ќе биде Благоја Милевски.

„Тимот докажа дека кога има слога, има и успех. Без разлика кој од каде доаѓа, нашите репрезентативци докажаа дека сплотеноста на тимот е предуслов за тоа што го постигнавме. Покажавме дека сме мала земја со големо срце“, рече Ангеловски.

 

- Оглас -

Најнови вести