Пандев и Фратези: Истата прослава, истиот стадион, истиот противник, истата 88-ма минута, но 14 години разлика (Видео)

Навивачите на Интер одлично се сеќаваат на игрите на Горан Пандев во дресот на нивниот омилен клуб, а победата над Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите беше повод уште еднаш да се потсетат на мајсториите на „Гранде Пандев“.

Фратези во 88-мата минута го постигна победничкиот гол за Интер во вторникот, во 88-мата минута, истата минута во која Горан Пандев погоди за победа над Баерн Минхен во 2011 година. Италијанецот прослави слично како и нашиот најдобар фудбалер во историјата, па тоа беше повод за споредба помеѓу двата гола.

„Истиот стадион, истата прослава, истиот противник, истата 88-ма минута, но 14 години разлика“, велат навивачите на Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести