Пандев и кога не погодува, е главен во Џенова, се радуваше во јубилејното стото градско дерби (Видео)

Џенова забележа исклучително важна победа од 2:1 во јубилејното стото градско дерби со Сампдорија, а повторно еден од факторите за успех на популарните Грифони беше Горан Пандев.

Македонскиот репрезентативец овојпат не постигна гол, но над него беше направен пенал во 22-рата минута. Пандев мудро се постави, а Коли го фаулираше и доби жолт картон. Целата ситуација погледнете ја ОВДЕ.

Пеналот го реализираше Кришчито и со осмиот гол од белата точка го урна рекордот на Габриел Милито од сезоната 2008/09 со 7 погодени пенали.

Габијадини израмни на 1:1 во 32-рата минута, а победа на условно кажано гостите им донесе Лерагер со деби погодок за Џенова во оваа сезона.

Со оваа победа Џенова ја задржа дистанцата од четири бода во однос на Лече на три кола до крајот и е многу блиску до опстанок.

Во останатите дуели од 35-тото коло што се играа вечерва, Интер и Фиорентина ремизираа без голови, Рома го победи СПАЛ со 6:1 на гостински терен, Лече со 3:1 ја победи Бреша и Торино и Верона одиграа нерешено, 1:1.

- Оглас -

Најнови вести