Интер за првпат по 13 години е во полуфиналето на Лигата на шампионите, а пред 13 години, кога станаа и европски прваци, во составот им беше и македонската фудбалска ѕвезда Горан Пандев.
Пандев синоќа покажа дека не го заборавил Интер, па беше присутен во Милано на реваншот од четвртфиналето на ЛШ против Бенфика и го прослави пласманот во полуфиналето, во кое Нераѕурите ќе имаат градско дерби против Милан.
На трибините имаше многу легенди на Интер, а на социјалните мрежи се појави и една фотографија на која се Пандев, Диего Милито и Родриго Паласио.
Милито беше човекот кој со два гола во финалето во 2010 му ја донесе европската титула на Интер, а Паласио пет сезони мина во Интер, но таму дојде подоцна во 2012 и не беше член на генерацијата предводена од тренерот Жозе Мурињо која освои тројна круна.