Гоце Седлоски своето деби на клупата на фудбалската репрезентација на Македонија ќе го има во март следната година, и тоа на гостински терен против Данска во баражот за пласман на Светското првенство.
Прилепчанецот има лоши спомени од стадионот „Паркен“ во Копенхаген бидејќи летото 2017 година загуби како тренер на Вардар со 4-1, по што Црвено-црните беа елиминирани од квалификациите за Лигата на шампионите.
Сепак, Македонија сега ќе оди во Данска со мундијалски сон, а раководството на ФФМ, спортскиот директор Горан Пандев и претседателот Масар Омерагиќ се едногласни: „Кој не верува дека можеме да се пласираме на Светското првенство, не треба воопшто и да се качи во авионот за Данска“.

