Пандев има пребогата кариера, ама во недела за првпат ќе игра против Специјалниот

Горан Пандев најголемите успеси во својата кариера на клупско ниво ги имаше во дресот на Интер.

Под водство на легендарниот Жозе Мурињо, Македонецот и италијанскиот тим стигнаа до легендарната Триплета, односно титули во Лигата на шампионите, Серија А и Купот на Италија.

Гоче, кој е пред крајот на својата пребогата кариера, во недела со својата Џенова ќе ја дочекаат Рома од 20:45 часот.

Интересно е што ова ќе биде прв натпревар за македонската легенда против тренерот каде што ги имаше најголемите успеси, Мурињо.

Иако и двајцата речиси две децении се во најсилните лиги, освен соработката во Интер, досега ниту еднаш не се сретнале како опоненти.

Воедно, кај Џенова ќе дебитира и новиот тренер Андриј Шевченко, кој ќе се обиде да му донесе стабилност на тимот.

- Оглас -

Најнови вести