Пандев ја имаше најубавата шанса, ремито е полна капа за Џенова

Горан Пандев одигра 79 минути како стартер за Џенова против Верона и пропушти убава шанса во 33-тата минута да погоди за предност на гостите во меч што заврши без голови.

Верона имаше иницијатива, особено во второто полувреме, но и среќа што македонскиот репрезентативец не погоди во првото полувреме.

Ова е првиот меч без голови што го одиграле меѓу себе двете екипи со долгата историја на настапи во Серија А.

Џенова со ремито вечерва стигна до четвртиот бод во три меча во новата сезона на Калчото, а Верона сега има 7 бода од четири дуели.

- Оглас -

Најнови вести