Пандев ќе има нов тренер во Џенова, Маран доби отказ

Раководството на Џенова му врачи отказ на тренерот Ролнадо Маран само три и пол месеци откако италијанскиот стратег ја презеде клупата на тимот за којшто настапува Горан Пандев.

Капитенот на Македонија наскоро ќе добие нов тренер, со кого ќе треба да ѝ помогне на Џенова да обезбеди опстанок во елитата. Италијанските медиуми шпекулираат дека Давиде Балардини привремено ќе застане на кормилото, тренерот кој веќе беше во Џенова дури во три наврати досега.

Слабите резултати во меѓувреме му ја одредија судбината на Маран, кој претрпе осум порази во 13 првенствени дуели и обезбеди само една победа. Џенова затоа се наоѓа при дното на табелата во Калчото, само со седум освоени бода, односно е без победа во 12 последователни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести