Пандев: Масар Омерагиќ е најдоброто решение за претседателската функција во ФФМ (Видео)

Фудбалската федерација на Македонија доби нов претседател откако на денешното вонредно изборно собрание, Масар Омерагиќ беше избран за оваа функција.

На собранието присуствуваа и легендите на македонскиот фудбал, Горан Пандев, Илија Најдоски, Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и Артим Шаќири, кои ќе бидат вклучени во структурите на ФФМ во иднина.

Горан Пандев, кој ќе ја извршува функцијата спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции, истакна дека Омерагиќ е најдоброто решение за претседател на ФФМ.

„Масар Омерагиќ е најдоброто решение за претседателската функција на ФФМ. Му посакувам трпение и успех на патот напред за македонскиот фудбал,“ изјави Пандев.

Покрај него, дел од тимот на Омерагиќ ќе биде и Агим Ибраими, кој ќе работи како советник на претседателот заедно со Илија Најдоски.

- Оглас -

Најнови вести