Пандев: Мојот јубилеј нека биде победнички за Македонија

Горан Пандев слави убав јубилеј утре против Летонија, капитенот на македонската репрезентација ќе ја пополни стотката во графата со одиграни натпревари во дресот со национални бои. Ќе се израмни со Гоце Седлоски по бројот на мечеви, а како капитен на нашата селекција посакува оваа генерација конечно да игра на големо натпреварување. Од утре почнуваме со нов предизвик, а мечот со Летонија ни е стартен во новиот циклус квалификации за пласман на Европското првенство во 2020 година.

„Се надевам дека мојот јубилеј и стотиот натпревар во дресот на македонската репрезентација ќе го прославиме со победа. Секој почеток е тежок, ние сме фаворити и верувам дека триумфално ќе ги почнеме квалификациите за настап на Европското првенство. 

Очекувам и публиката да дојде на стадион да не поддржи, а ние ќе се потрудиме со победа да ги израдуваме. Најважно е да ги освоиме бодовите, а зошто да не и да постигнам гол. Секогаш сум играл со срце за репрезентацијата. Најголема желба, секако, ми е да играм со Македонија на големо натпреварување. Им благодарам на сите селектори и на играчите со коишто сум соработувал и сум играл. Најголема благодарност за сегашниот селектор Игор Ангеловски, кој беше упорен да се вратам во репрезентацијата. Тој е заслужен за јубилејот“, изјави Пандев.

Вели дека размислува и за завршување на кариерата, а потенцираше дека има понуда од Џенова за продолжување на договорот за уште една година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести