Утре селекторот Игор Ангеловски треба да го објави списокот на кандидати за дуелот со Косово на 8-ми октомври, и тогаш ќе ги снема сите дилеми околу тоа дали и Горан Пандев ќе му биде на располагање за мечот кој може да ја доближи македонската репрезентација на еден чекор од историски пласман на Европско првенство.
Пандев се разбира дека сака да игра, а ФФМ се труди да го обезбеди неговото присуство, и покрај отпорот во Италија. Струмичанецот е негативен на тестирањата, но по наредба на градските и државните лекарски власти, сите во клубот се во карантин и не смеат да патуваат.
Ако Пандев не дојде во Скопје, тоа ќе биде огромен хендикеп за нашиот национален тим.