3.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Пандев му одговори на Мрме: Шарлатан, замислен Наполеон, „патриот“, ајде во пензија …

Откако Игор Ангеловски упати „отровни стрели“ кон раководството на Фудбалската федерација на Македонија по повод изборот на Гоце Седлоски за селектор, некогашниот пријател и македонски капитен под водство на Ангеловски, Горан Пандев, жестоко му врати на Мрме на критиките, и тоа преку „Инстаграм“.

„Се јави големиот селектор, големиот „патриот“. Не дочека ни 6 часа да почне да плука. Замислениот Наполеон. Експерот кој во последните години во ниеден клуб не се задржа повеќе од 2-3 месеца. Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија, доста ти беше, поминато времето на шуто и рогато во ФФМ“, објави Пандев.

- Оглас -

Најнови вести