Горан Пандев е еден од ретките фудбалери на кои му лежи големиот Јувентус како противник. Македонскиот репрезентативен капитен во кариерата има постигнато неколку убави голови против Јувентус, и тоа најчесто кога на голот беше Џанлуиџи Буфон, како во декември 2004 година, кога Гоче ги измеша Канаваро, Турам, Ѕамброта пред со шут од косо да го совлада Буфон.
Вечерва Пандев е најавен како стартер во дуелот со Старата дама, а на голот на Јуве би требало да се најде Полјакот Шченсни, кому Пандев не му дал гол. Лани Пандев погоди за Џенова против Јуве, но мрежата на првакот ја чуваше Перин, кој сега е голман на Џенова.
Ова се петте најубави голови на Пандев против Јуве, секако оној на првото место е врв:
Дека знае да погоди против Јуве и во дресот на Џенова, потсети во минатата сезона со уште една мајсторија: