Пандев: На мака се познаваат јунаците, нема калкулации, одиме на победа против Грузија

Фудбалската одисеја на македонската фудбалска репрезентација во најважниот период во нашата историја продолжува и утре, со меч против Грузија во Скопје.

Еден од двата дуели против истиот ривал со кого ќе играме историски меч во Тбилиси на 12 ноември за пласман на Европското првенство.

По исцрпувачката битка со Косово и победата од 2:1, потоа и мечот на далечниот север на Европа со Естонија, ни следува меч со Грузија утре од 20.45 часот и потоа одмор од еден месец до главниот настан и нов меч со Грузијците што ќе одлучува за ЕП.

„Распоредот е пеколен, играме на секои три дена, но на маката се познаваат јунаците. Овој меч ни е еднакво важен како и тој што следува во Тбилиси, бидејќи со победа ќе бидеме први во групата во Сегментот Ц. Мора да се издржи и да се даде сè од себе за победа утре во Скопје. Нема поделба на млади и стари. Ни се приклучија нови играчи и се надеваме дека ќе се вклопат добро во нашиот систем. Со Косово се исцрпивме максимално, потоа игравме и со Естонија, па се надевам дека овој октомвриски циклус ќе го завршиме со победа“, вели капитенот Горан Пандев.

Победникот од утрешниот дуел ќе презими до 15 ноември на првото место во нашата група од Сегментот Ц.

- Оглас -

Најнови вести