Пандев не сака политика: Партиите да не го злоупотребуваат моето име

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев реагира со пост на „Инстаграм“ и порача политичките партии да не го злоупотребуваат неговото име во услови кога владее голема епидемија на Коронавирус.

Реакцијата на фудбалерот на Џенова во овој случај се однесува на Комисијата на ВМРО ДПМНЕ, но како што вели, се однесува и за сите партии во Македонија.

„Во овие тешки моменти за целиот свет, кога се соочуваме со најопасниот вирус на глобално ниво, сакам да апелирам до политичките партии во Македонија да престанат со ситни политички игри. Оваа прилика ја користам да ги повикам политичките партии (во случајот комисијата на ВМРО-ДПМНЕ) да престанат да го злоупотребуваат моето име. Ова е време кога ние во Италија се соочуваме со катастрофа од невидени размери. Апелот до сите е да останат дома и да ги следат препораките од надлежните. Секоја моја изјава која ќе биде ставена во контекст на ПОЛИТИКА, ќе ја демантирам“ објави Пандев на својот инстаграм-профил.

- Оглас -

Најнови вести