Пандев не заборави да му честита на клубот со кој ги освои најзначајните титули

Горан Пандев во дресот на Интер ги помина најблескавите моменти во кариерата. Како дел од составот на Нераѕурите, популарниот Гоче се радуваше на титула во Серија А, а потоа стана и европски и светски клупски првак.

Интер и неговите навивачи, цели 11 години чекаа да се израдуваат на ново скудето и тоа се случи вчера.Гигантот од „Џузепе Меаца“ и официјално е новиот првак на Италија, а Пандев преку социјалните мрежи не заборави да му честита на неговиот поранешен клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести