Пандев осигура три бода за Џенова, шест од шест за Јуве, се израдува и Рома

Италијанскиот првак Јувентус без поголеми проблеми стигна до нови три бода, со кои го задржа максималниот учинок во Серија А. Пред своите навивачи славеа рутинска победа над Болоња од 2-0, а Дибала и Матуиди одлучија уште во раната фаза на мечот да ги решат дилемите. Аргентинецот донесе преднос за „старата дама“ во 11-тата минута, а Матуиди зголеми и ги постави конечните 2-0 само пет минути подоцна.

На свое тло победи и Наполи, со убедливи 3-0 ја декласираше Парма. Лоренцо Инсиње ја продолжи голгетерската форма и го постигна својот петти погодок сезонава во четвртата минута, а Полјакот Милик во продолжението од средбата два пати стрелаше. Прво погоди во 47-та минута, а потоа и во 85-тата.

Рома конечно се разигра и по четири меча без триумф, му се „истури“ на Фрозиноне. „Волчицата“ со високи 4-0 ја прекина серијата, а голови реализираа Ундер (2′), Пасторе (28′), Ел Шарави (35′) и Коларов (87′).

Џенова беше сигурна против Киево со конечни 2-0, а за третиот триумф сезонава придонесе и Горан Пандев. Полската сензација Кристоф Пјатек со својот шести погодок сезонава го отвори резултатот во 42-та минута, а „Гранде“ Пандев ја осигура победата за домаќините со својот втор гол во 54-тата минута.

РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А 6. КОЛО:

Удинезе  – Лацио 1-2

Рома – Фросиноне 4-0

Аталанта – Торино 0-0

Каљари – Сампдорија 0-0

Џенова – Киево 2-0

Јувентус – Болоња 2-0

Наполи – Парма 3-0

 

- Оглас -

Најнови вести