Пандев откри кој е негов наследник и кој ќе биде новиот лидер на Македонија

Горан Пандев верува дека македонската фудбалска репрезентација и по неговото заминување ќе продолжи да реди успеси и повторно да биде дел од некое големо натпреварување. Популарниот Гоче пред повеќе од 20 години прв пат го облезе дресот на Македонија, а утре тоа ќе го направи за последен 122 пат.

„Чест ми беше што бев дел од оваа репрезентација. Ова е најдобрата селекција во историјата на македонскиот фудбал. Верувам дека и во иднина ќе имаме многу успеси и ќе играме на големи натпреварувања. По моето заминување нема да се испразни местото на лидер во тимот. Тука се Стефан Ристовски, Адеми, Елмас, Барди, кои заедно со Алиоски, Дарко Велковски и останатите верувам дека ќе се изборат за нови настапи на големи натпреварувања“, рече Пандев откако откри дека по завршување на дуелот со Холандија, ќе стави крај на репрезентативната кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести