Горан Пандев пристигна во тренинг-центарот на Парма, а наскоро, откако ќе влезе во клупските простории, се очекува и да позира со дрес на неговиот нов клуб, за којшто ќе игра до крајот на сезонава.
Преминот на Пандев од Џенова во Парма е еден од поинтересните и најнеочекувани трансфери на вчерашниот последен ден од зимскиот преоден рок. Струмичанецот ќе се обиде со Парма да се избори барем за бараж за влез во Серија А.
Се појави и снимка од пристигнувањето на Пандев во Парма, автомобилот му го запреа неколку навивачи и новинари, кои му посакаа добредојде и ги направија првите фотографии на македонската легенда во нивниот град.
Видеото може да го видите ТУКА.