Пандев против Нестор – Македонска битка на Спортска прогноза

Новото 32-ро коло на Спортска прогноза од вчера е достапно за учество. Во едно од трите последни кола нè очекуваат доста интересни пресметки кои се тешки за прогнозирање, а меѓу нив е и битката на македонските репрезентативци Горан Пандев и Илија Несторовски.

Удинезе во недела (19:30ч) ја пречекува Џенова во рамките од 30-тото коло во Серија А, меч во кој победникот ќе си ги зголеми шансите за опстанок во елитата. И двете екипи стартуваа без победа во двата меча по рестартирањето на сезоната, па затоа може да се очекува неизвесна битка и надигрување до последен миг за да се освојат трите бода.

Удинезе ја доби првата овосезонска пресметка со 3-1 на „Луиџи Ферарис“, а во тој меч и Пандев и Несторовски влијаеа врз резултатот. Пандев го реализира првиот гол на средбата со кој Џенова поведе со 1-0, а Несторовски асистираше за израмнување и го најави пресвртот на Зебрите. Од наша гледна точка, сакаме сличен настап и на двете страни, а од прогнозерска, оставаме вие да одлучите дали „Гранде“ Пандев или пак Нестор ќе слават на крајот.

Прогнозите можете да ги приложите до сабота, до 17 часот, односно пред почетокот на првиот меч од 32-то коло, во кое, како и во секое друго, се доделува iPhone XS за тој што ќе ги погоди сите 13 парови. Секако, има подароци и за погодени 12 и 11 парови.

Не го пропуштајте ова коло затоа што бодовите од секое коло се пресметуваат во Генералниот пласман. За најдобриот во Генералниот пласман на крајот од сезоната ќе следува ТВ смарт од 48 инчи, а ќе има убави подароци и за пласираните од второто до петтото место на крајот на сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести