Пандев растура со голови, со два против Беневенто слави голем јубилеј од 100 погодоци во Серија А (Видео)

Горан Пандев постигна два гола за 22 минути против Беневенто и прослави фантастичен јубилеј од 100 гола во Серија А.

Капитенот на македонската репрезентација беше прецизен во 11-тата минута за Џенова, со што стигна од 99 погодоци во Калчото, а 11 минути подоцна го запиша и јубилејниот стоти гол во италијанското првенство.

Првиот погодок на Пандев за Џенова:

 

Интересно е што гостите двапати водеа, но Пандев двапати погодуваше за баланс. Вториот гол на капитенот на македонската репрезентација, 100-ти за него во Серија А:

 

Пандев играше за Лацио, Интер и Наполи во Серија А пред да дојде во Џенова, клуб во кој успеа да стигне до прекрасниот јубилеј.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести