Пандев редовно ја полнеше мрежата на Буфон, но првиот гол е мало ремек-дело (ВИДЕО)

Горан Пандев и Џанлуиџи Буфон своите богати кариери ќе ги завршат во дресот на Парма.

Двете легенди на италијанскиот и европскиот фудбал ја играат последната сезона во кариерата, а тие двајца заедно имаат искомбинирано 82 години. Сепак, искуството кое ќе ѝ го донесат на Парма е драгоцено.

На интернет може да се пронајде видеото каде што Пандев за прв од многуте пати ја тресеше мрежата на Буфон.

Станува збор за натпревар од Серија А во сезоната 2004/05 кога на петти декември во 2004 година, во ракмите на 14-то коло, на „Деле Алпи“ во Торино играа Јувентус и Лацио.

Пандев тогаш имаше 21 година и го постигна својот втор гол дотогаш во Серија А.

На крајот Старата дама се радуваше на победата од 2:1, а стрелец за Лацијалите беше токму Пандев во 11-тата минута. Интересно е што на оваа средба за Јувентис играше и Златан Ибрахимовиќ, кој исто така постигна гол.

- Оглас -

Најнови вести