Пандев се враќа за нова победа на Македонија, Вајс ќе го остави на клупа човекот што ни ги освои срцата (Видео)

Горан Пандев како капитен повторно ќе ја предводи македонската репрезентација на денешниот дуел против Грузија во Тбилиси, откако одмори на дуелот против Ерменија што го добивме со 2:1 во премиерниот меч од втората сезона во Лигата на Нации.

Денеска од 18 часот на „Динамо“ арена се очекува капитенската лента повторно да биде на раката на Пандев, а добра вест е што и неговиот заменик Стефан Ристовски веројатно ќе биде во стартната постава, откако ги надмина стомачните проблеми.

Од почетната постава што успеа да ја победи Ерменија ќе го нема дефанзивецот Кире Ристевски, а според најавите сите останати плус Пандев ќе го почнат мечот и против Грузија.

За разлика од Игор Ангеловски, селекторот на домаќините Владимир Вајс најави неколку измени во стартниот состав. Веројатно нема да игра Џаба Џигаури, човекот што ни ги освои срцата со голот за Вардар против Фенербахче во Истанбул, што ширум му ги отвори портите на нашиот најтрофеен клуб за историски настап во фазата по групи во Европа Лигата пред три години.

Џигаури ќе биде на клупата за резерви според замислите на Вајс, а можно е и најголемиот талент на Грузијците, Ѓорѓи Чакветаѕе да почне како резерва и наместо него стартер да биде Вако Гвилија, кој е играч на полска Легија.

 

Можни состави:

ГРУЗИЈА: Лорија, Какабаѕе, Квиркелија, Кочолава, Григалава (Џигаури), Канкава, Квеквескири, Окријашвили (Давиташвили), Гвилија (Чакветаѕе), Кваратшкелија, Качарава. Селектор: Владимир Вајс.

МАКЕДОНИЈА: Шишковски, Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Адеми, Барди, Николов, Елмас, Пандев, Несторовски. Селектор: Игор Ангеловски. 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести