(3010) Џенова – Парма (20:45ч)
Парма ги освојуваше бодовите на последните две гостувања на „Луиџи Ферарис“ против Џенова, па иако екипата за која игра Горан Пандев има проблеми со отсуство на неколку првотимци, вечерва целта е да се стави крај на кратката низа на разочарувања.
Тренерот Маран нема да смета на голманот Перин, Кришито, Бираски, Пјаца, Ѕапакоста, што значи дека мисијата ќе биде потешка, но послатка доколку се оствари.
Џенова има само еден триумф по осум натпревари во Калчото, од кои пет се порази, па затоа и е при дното на табелата. Сепак, победата над Сампдорија во градското дерби кое се одигра во рамките на Купот на Италија треба да биде доволен мотив за да се прекине кризата во првенството.
Предлог тип: 1 (2.70)
(3009) Торино – Сампдорија (18:30ч)
И Торино е во слична ситуација како Џенова, а во пресрет на дуелот против Сампдорија, Биковите нема да сметаат на клучните играчи Белоти и Басели. Таков хендикеп може да оди во прилог на Сампдорија, со оглед на тоа дека Торино сè уште нема остварено победа на домашен терен во Калчото.
Сампдорија во ланската сезона го доби двомечот со 1-0 дома и 3-1 на гости, но и тимот на Раниери е во лоша форма со три врзани порази, па повторување на еден од овие резултати ќе биде тешка мисија.
Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.78)
(1009) Лестер – Фулам (18:30ч)
Лестер има шанса да се израмни со водечките Тотенхем и Ливерпул по бројот на бодови доколку избраниците на Роџерс го надиграат слабиот Фулам. Шансите за Лисиците да триумфираат се големи, со оглед на тоа дека Фулам загуби седум од вкупно девет меча во Премиер лигата, а по триумфот над ВБА пред две кола повторно влезе во мала криза.
Воедно ова е шанса за Лестер да го поправи учинокот на домашен терен ако се знае дека загубија две од четирите средби кои ги играа на стадионот „Кинг пауер“. Поранешниот англиски шампион го доби двомечот со Фулам во сезоната 2018/19, резултатот 3-1 дома е лесно повторлив.
Предлог тип: 1-1 (2.35)
(1010) Вест хем – Астон вила (21ч)
Доста непредвидливи се и Вест хем и Астон вила оваа сезона. Двете екипи досега издвојуваа победи каде што воопшто не се очекуваше да обезбедат позитивен резултат. Таков пример е победата на Чеканите од 3-0 на гости кај Лестер, односно идентичниот триумф на Астон вила на гости кај Арсенал, односно незаборавните 7-2 против шампионот Ливерпул.
Токму и овој дуел ќе биде непредвидлив – Вест хем ќе се обиде да врзе трета првенствена победа, додека Астон вила треба да го поправи учинокот од три порази во последните пет меча во ПЛ.
Астон вила има перфектен учинок на гостински терени, славеше во три досега, а Вест хем само еднаш загуби на свој стадион. Најдобро ќе биде да се типува на голови, со оглед на тоа дека двете екипи се расположени за тресење мрежи, но и лесно примаат голови.
Предлог тип: ГГ3+ (1.87)
(1310) Бетис – Еибар (21ч)
Гостувањето на Еибар е зицер ситуација за Бетис да излезе од кризата и да го поправи учинокот само од еден триумф и четири порази во последните пет кола. Тимот од Андалузија можеби неочекувано загуби шест од досега 10 првенствени меча во Ла Лига, па затоа мора да ја искористи оваа улога на фаворит и да стигне до топ 10 местата на табелата.
Бетис на домашен терен против Еибар има учинок од две победи, две ремија и еден пораз во петте последни меѓусебни пресметки, а гостите вечерва на „Бенито Вилјамарин“ доаѓаат со лоша форма која веројатно ќе продолжи.
Предлог тип: 1 (1.90)