Горан Пандев го започна своето последно патешествие во неговата пребогата кариера.
Легендарниот македонски фудбалер дебитираше во дресот на Парма во ремито со Беневенто од 0:0 во рамките на 21-то коло од италијанската Серија Б лига.
Гоче влезе на стартот од второто полувреме, но не успеа да постигне или да асистира за гол за својот нов тим.
Беневенто ја имаше доминацијата и повеќето шанси, а во втората минута имаа и поништен гол.
Со ова реми, Парма сега има 25 бодови и е на 13-то место во Серија Б.