Пандев со голови ја влече Џенова кон опстанок, Наполи е слаб без Елмас (Видео)

Горан Пандев ја води Џенова кон помирни води во Серија А, а ветеранот во Калчото и денеска постигна гол за победа на својот тим против Калјари.

Само што влезе во игра капитенот на македонската репрезентација постигна прекрасен гол за Џенова во 43. минута што беше доволно за три бода.

https://www.youtube.com/watch?v=SyWkVmxjUU8&fbclid=IwAR3JrKsbms43url9NvEP6sjuPmoqBEtJgxCvLTPzXY54E0rAz4R_handsSA&app=desktop

Пандев е прв стрелец на својот клуб со шест погодоци, а Џенова стаса до 19 бодови, но се уште е во опасната зона за испаѓање.

Директниот конкурент на Џенова, екипата на Лече приреди голема сензација со победа од 3:2 во Неапол против Наполи. Кризата на вицешампионот продолжува, а денеска во составот на наполитанците не беше Елиф Елмас поради жолти картони.

Лападула со два гола и Манкосу со еден погодок му донесоа бодови на Лече, а Наполи успеа само да стаса до пораз од 2:3 со головите на Милик и на Калјехон.

Бреша и Удинезе одиграа 1:1 во меч во кој за гостите од 72. минута играше Илија Несторовски. Бисоли и донесе предност на Бреша од 1:0 со погодок во 81. минута, а израмни Родриго де Паул со гол во 93. минута.

Претходно во премиерниот неделен меч Сасуоло го победи фенерџијата СПАЛ со 2:1 на гостински терен.

 

- Оглас -

Најнови вести