Џенова ремизираше без голови против Фрозиноне, во меч што ќе го памети капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.
Нашиот интернационалец го одигра 400. меч во Калчото, подвиг за респект и доказ за квалитет на нашиот најдобар фудбалер.
Пандев влезе во игра во 46. минута, а навивачите на Џенова со овации го поздравија неговиот јубилеен настап.
Џенова и со играч повеќе од 34. минута не успеа да постигне победнички гол и да ги освои бодовите што ќе значеа сигурен опстанок, но и вака е во мирните води со 12 бодови повеќе од Болоња, 13 од Фрозиноне и цели 20 од Киево.
Во останатите дуели денеска Торино го победи Киево со 3:0, Сампдорија беше подобра од Спал и славеше со 2:1 на гости, а Удинезе дома ја победи Болоња со 2:1.