По блескавиот меч, Пандев со луда најава од Италија: Може и да не одам во пензија по ЕП!

Горан Пандев синоќа беше најзаслужен за победата на Џенова против Наполи со 2:1, постигнувајќи ги двата погодоци за домашниот тим. Капитенот на македонската репрезентација најпрво погоди во 11 минута, а потоа ја зголеми предноста во 26 минута. Двата погодоци на Пандев може да ги видите ТУКА.

До крајот на средбата Џенова ја задржа предноста, а Наполи успеа да даде само почесен погодок. Пандв одигра до 67 минута, а по завршување на дуелот, најави дека може и да продолжи да игра и следната сезона, иако летово ќе полни 38 години.

„Многу се борев по мојата послесна повреда, но сега сум добро и уживам на теренот. Мојот план беше да се пензионирам по завршување на Европското првенство, но засега ништо не се знае и сите опции се отворени“, откри Пандев во изјава за италијанските медиуми по мечот со Наполи.

Пандев по пауза од осум години дава два гола на еден меч, а последен пат тоа го имаше направено додека го носеше дресот на Наполи во 2013 година. Популарниот Гоче вели дека е среќен што успеа да донесе три значајни бода за Џенова во борбата за опстанок.

„Одигравме одличен меч и заслужено победивме. Ова се три многу важни бода за нас, но уште не сме стоосто сигурни. Напорно работевме за да го постигнеме ова“, рече Пандев, кој не заборави да упати и неколку добри зборови и за неговиот поранешен клуб Наполи.

Со овие два погодоци Пандев стигна до бројката од 97 голови во Серија А и му недостасуваат само уште три гола за да влезе во Клуб 100.

 

- Оглас -

Најнови вести