Пандев со сјајна асистенција спречи триумф на „неговиот“ Наполи (видео)

Џенова успеа да остане непоразена на гостувањето кај Наполи во мечот кој заврши со конечни 1-1 во рамките од 31-то коло во Серија А. Гостите повеќе од еден час играа со 10-мина фудбалери, но тоа не ги спречи да постигнат израмнувачки гол, а него го намести македонскиот капитен Горан Пандев.

Пандев против својот поранешен тим играше одлично сè до неговото излегување од игра во 62-рата минута, во неколку наврати се закани кон голот на Оспина, а овој со сите сили се обидуваше да спречи погодок на најдобриот македонски фудбалер. Меѓутоа, Пандев направи „магија“ со асистенцијата до Дарко Лазовиќ, која беше вистинска перфекција. Лазовиќ израмни пред самиот финиш на првото полувреме, додека Мертенс во 34-тата минута ја затресе мрежата на гостите.

Од 28-мата минута Џенова играше со играч помалку, откако Стураро за еден груб старт заработи директен црвен картон.

Голот за израмнување и асистенцијата на Пандев можете да ја видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести