Голот на Горан Пандев на гостувањето против Лече дефинитивно е најубавиот погодок во изминатото 15-то коло во италијанската Серија А. Капитенот на македонската репрезентација успеа да погоди од 40 метри кога забележа дека голманот на Лече е излезен далеку од својот гол и со прецизен шут ја погоди мрежата на домаќините.
Токму со тој удар од далечина Пандев беше во фокусот на вниманието и во анализата која на хумористичен начин ја прави Фанта Калчо, па популарниот Гоче беше облечен како астронаут, а коментарот беше дека Пандев погоди и од вселената.