Најдобриот стрелец во историјата на македонската репрезентација и играчот со најмногу настапи во националниот дрес, Горан Пандев е во Скопје, каде што имаше неформална средба со Масар Омерагиќ, човекот кој за помалку од еден месец треба и официјално да биде промовиран во нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Пандев на социјалните мрежи објави фотографија на која е во друштво на Омерагиќ со едноставна порака: „минато, сегашност, иднина“. Легендарниот Пандев од претходно јавно застана како поддршка за кандидатурата на Омерагиќ и дека е за промени во ФФМ.
Сега останува на Собранието на ФФМ закажано за 22 декември Омерагиќ да биде назначен за прв човек на ФФМ и со име од светски рамки како што е Горан Пандев да ја започнат промената и подобрување на работите во македонскиот фудбал.