Пандев во разговор со навивачите: Размислувам за фудбалска пензија по Европското првенство

Горан Пандев најави дека најверојатно ќе се пензионира по настапот на Европското првенство, но вели дека сега е најважно да одиграме добро во историоскиот настап на големите натпреварувања.

Капитенот на македонската репрезентација беше во живо на популарниот чет со навивачите што го организираше „2Win“.

„Размислувам за фудбалска пензија по настапот на Европското првенство. Сега е најважно да одиграме добро во историското учество на Македонија на големо фудбалско натпреварување“, одговори Пандев за својата понатамошна кариера.

Имаше интересни прашања и одговори, а секако неизбежно беше и кој му е најдрагиот гол во кариерата. Пандев имаше многу прекрасни погодоци во богатата клупска и репрезентативна кариера, но се одлучи за голот што не одведе на ЕП.

„Најдраг гол ми е тој во Тбилиси. Засекогаш ќе го паметам. Со тој погодок постигнавме огромен успех и се пласиравме на Европско првенство“, изјави Пандев.

Тој ќе биде првиот капитен во историјата на нашиот фудбал што ќе ја преводи македонската репрезентација на големо натпреварување.

Честа Пандев ќе ја има на 13. јуни во Букурешт од 18 часот на премиерниот дуел за нас на ЕП против Австрија.

 

- Оглас -

Најнови вести