Пандев: Време е Сејдини и Милевски да си одат

По новиот разочарувачки резултат на македонската фудбалска репрезентација, кога одигра само 1:1 на гостувањето кај фарски Острови, со реакција се јави и легендарниот капитен Горан Пандев, кој побара дека е време да има промени и тоа не само на селекторското место, туку и на челната позиција во Фудбалската федерација на Македонија. Пандев во интервју за Sportsport.mk, жестоко реагираше на тоа како се работи во репрезентацијата, но и во Федерацијата и најави дека е време за промени.

„Односот на теренот и изборот на Милевски за некои фудбалери е понижувачки за сите кои работиме во фудбалот и кои инвестираме во фудбалот во Македонија. Замислете Фарските острови во поголемиот дел од средбата ни покажа како треба да се игра, како да се контролира играта и да се создаваат шанси. Да, имавме зицер преку Чурлинов и Ќамили, но и тие имаа прилики за 2:1. За нив играше фудблер во нападот, кој е резерва кај нас во Шкупи. Се е кажано! Не знам што е добро, каде е напредокот и како ќе играме во иднина кога работите се испуштени од контрола, чашата е прелиена и мора да се стави крај на сето ова. Јас гледам вина и кај Барди и Димитриевски кои се капитени и кои треба да удрат машки на маса и да кажат: “Доста е…!“. И ние што не сме таму добро знаеме што се случува и каква е атмосферата сега во националниот тим. Тоа треба да се каже јавно, а не да се даваат изјави од типот дека атмосферата никогаш не била подобра“, вели Пандев во интервјуто.

Според најдобриот македонски фудбалер во 21 век, потребно е да има промени на челната позиција во ФФМ. Пандев вели дека Масар Омерагиќ е прв фаворит да го наследи Мухамед Сејдини и дека поддршка за овие промени доаѓаат од повеќе докажани фудбалери.

„Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите…“, вели Пандев во дел од интервјуто на Sportsport.mk во кое популарниот Гоче зборува и за многу други интересни работи поврзани со репрезентацијата на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести