14.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Пандев за епската катастрофа на Наполи: Не може вака да прават будали од себе!

Наполи синоќа загуби од ПСВ Ајндховен со 2-6 и постави два негативни рекорди, првпат тим од Топ 5 лигите прими 6 гола на гостување во Холандија, и првпат наполитанците примија шест голови на еден меч од еврппските купови.

Земајќи ги предвид сите натпреварувања, Наполи прими шест гола за прв пат од 1997 година. Тогаш, Наполи загуби со 6-3 од Сампдорија во Серија А.

Тренерот Антонио Конте после мечот рече дека поразот не е случаен бидејќи уште ја бараат тимската хемија откако летово доведоа дури девет нови играчи што е премногу.

И капитенот Џовани Ди Лоренцо призна дека им фалат баланс и верба во себе, и дека во одбраната се многу покршливи во однос на минатата сезона. Тренерот Фабио Капело коментираше дека Наполи е тим без срце.

Критики искажа и македонската легенда Горан Пандев кој е екс член на наполитанците. Тој не се согласува со Конте дека проблем се многуте нови играчи.

„Новите играчи дојдоа да ја подигнат летвата и да ги зголемат опциите на тимот на Наполи кој мора да игра добро на сите фронтови. Не смее да прикаже перформанси како овие вечерва. Наполи е изграден за да биде конкурентен против секого, не може да прават будали од себе“, изјави Пандев за „Скај Спорт“.

- Оглас -

Најнови вести