Пандев: Зошто да не веруваме во чудо против Германија?

Горан Пандев како вистински капитен на македонската репрезентација, најави дека нема предавање на ниту еден меч, па дури и да играме против најтрофејната репрезентација во Европа, Германија. Популарниот Гоче многу добро ја знае силата на германските репрезентативци, но не сака да ги потцени и нашите фудбалери, па најавува беспоштедна борба, со верба дека може да се направи и чудо.

„Јасно е дека Германија е фаворит и за нас е чест да играме против една ваква селекција. Ние немаме што да загубиме на овој меч. Ова не е Македонија од пред пет-шест години. Имаме квалитет кој го покажавме во изминатиов период, а доказ за тоа е и пласманот на Европското првенство. Мислам дека Германија нема да не потцени и ќе влезе претпазливо во утрешниот дуел. На нас ни треба чудо, но и среќа. Ние  мора да веруваме во нашите можност и да веруваме дека можеме да изненадиме“, рече Пандев.

 

- Оглас -

Најнови вести