Академија Пандев во контролен натпревар против српскиот суперлигаш Спартак Суботица славеше победа од 2-1. Стрелци на головите за струмичкиот клуб беа Марио Крстовски, кој го потврди лобот на Сашко Пандев, а вториот гол го даде Нигериецот Еменике, кој е на проба, а ќе одигра уште неколку натпревари за тимот пред одлуката дали да биде ангажиран.
Првиот состав на А. Пандев бил: Чубраковиќ, Јованов, Цикарски, Гранчов, Костов, Томовски, Стоилов, Танушев, Миловановиќ, Дориев, Мујеци. Влегле во игра Илиев, Темелков, Глигоров, Пандев, Велиновски, Еменике, Николов, Крстовски и Димов. Следната контролка е во сабота, против екипата на Септември Софија од Бугарија.