Пандевци го шокираа Работнички

Со головите на Крстовски и Велиновски, екипата на Академија Пандев го изненади Работнички во Скопје со 2-0, и на Романтичарите им се реваншираше за поразот на снегот во Струмица. За А. Пандев кој освои три важни бода во битката за опстанок, ова е само втора гостинска победа сезонава, после онаа против Силекс. Работнички на свој терен немаше загубено од 22 ноември, но денеска беше совладан.

Ова беше прв меч од 23-тото коло во Првата македонска фудбалска лига. Останатите средби се играат утре од 15 часот, а двојките се: Шкупи – Вардар, Шкендија – Пелистер, Македонија Ѓ.П. – Силекс, Струга Трим Лум – Ренова и Борец – Беласица.

- Оглас -

Најнови вести