Пандевци и Работнички ги поделија бодовите

Академија Пандев и Работнички ги поделија бодовите при конечни 1-1 во мечот од 13-тото коло во ПМФЛ. Струмичани и втор натпревар во низа останува без целиот плен иако имаа минимално водство против Романтичарите, кои пак се дават на дното на табелата со четвртиот нанижан меч без победа.

Стојкоски ја отвори средбата во 26-тата минута, додека гостите од Скопје во 72-та минута го дочекаа израмнувачкиот погодок на Шаркоски. Ова реми најмногу му одговара на лидерот Вардар, бидејќи утре против Ренова Црвено-црните имаат прилика да избегаат на +5 бода предност.

Академија Пандев и по ова коло ќе стои на второто место со 25 бода, Работнички и натаму е последен со само 11 бода по 13 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести