Пандевци ја уништија софиската ЦСКА, Шкупи ремизираше со седмиот тим од руската Премиер лига

Водечките две екипи од Првата македонска фудбалска лига попладнево имаа успешни контроли во Турција. Шкупи одигра 2-2 против Ахмат Грозни, а Академија Пандев ја разби ЦСКА Софија со 4-0.

Чаирчани одиграа подобро во нападот отколку во одбраната против Ахмат, кој е седмопласиран во руската Суперлига. Имери и Ѓорѓиевски беа стрелци за Шкупи, двата гола за македонскиот тим беа постигнати во првите минути од второто полувреме. За Ахмат тоа беше втор пријателски меч денеска.

Струмичани со головите на Пандев, Бакар, Димовски и Ивановски извојуваа убедлив триумф над софиската ЦСКА. Бугарскиот тим денеска порано играше и со Шахтар Караганди, победи со 5-1, па против А. Пандев настапи со комбиниран состав.

- Оглас -

Најнови вести