Брера Струмица го совлада Тиквеш со 2-0 и се искачи на првото место на прволигашката табела со максимални 12 бода од четири одиграни натпревари. Втора е Шкендија со 9 бода од три меча.
Струмичани во првите четири кола имаа и добар распоред, три меча играа дома и ги добија сите три дуели без примен гол, а славеа и на гостувањето против првакот Струга Трим Лум, со што најавија дека сезонава ќе им биде многу подобра од претходната.
Денешната победа на Пандевци ја најави Христијан Малески, кој летово дојде од Струга, со гол во 72-рата минута, а точка беше ставена во седмата минута од судиското продолжение. Тиквеш победуваше во првите две кола, а сега има два пораза по ред.