Академија Пандев со голот на Фарук Бихорац во 89-та минута успеа да дојде до победа над Пелистер во рамките на 18-то коло од ПМФЛ.
„Фенерџијата“ се држеше до самиот крај, но, не успеа да му откине два бода на еден од конкурентите за титулата.
Лидерот, пак, Шкупи со лесни 3:0 славеше на гостувањето кај Борец и со 42 бода, убедливо ита кон титулата.
Поради лошото време и проблем со електричната енергија, натпреварот меѓу Струга и Ренова ќе се одигра во вторник со почеток од 13:00 часот.
РЕЗУЛТАТИ
Академија Пандев – Пелистер 1:0
Борец – Шкупи 0:3
Работнички – Македонија ЃП 1:2
Шкендија – Скопје 1:0