Паненка покажа дека и на 75 години може да погоди со паненка (Видео)

Некогашниот репрезентативец на поранешна Чехословачка, Антонин Паненка ја има честа неговото презиме постојано да се споменува на фудбалските терени и тоа благодарение на начинот на кој реши пред многу години да изведе еден пенал удар.

Во далечната 1976 година, во финалето на Европското првенство меѓу Чехословачка и Германија, Антонин изведе пенал и му даде гол на еден од најдобрите голмани на сите времиња, Сеп Маер. Тој стил на изведување на пенали стана заштитен знак за Паненка, а начинот на изведување го доби неговото презиме.

Уште малку ќе се навршат 50 години од тој историски пенал, а фудбалерите уште го користат тој начин за шутираше. Легендарниот Паненка гостуваше во Шпанија и на едно игралиште покажа дека уште знае како да го повтори тој историски шут. И на 75 години, Антонин Паненка постигна гол за радост на сите кои го гледаа.

„Некои изведуваат пенали на естетски поубав начин од другите, но сепак најважно е да се постигне гол“, беше пораката од Паненка, кој има откриено дека цели време години вежбал на тренинзи пред да го употреби тој удар на официјален меч и тоа на најважниот дуел во неговата кариера.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести